447
Во просториите на ИВЗ, денес беше изгласан Шаќир Фетаху за нов поглавар, откако во изминатиот период привремено ја предводеше ИВЗ по повлекувањето на претходниот реис, Сулејман Реџепи.
„Денес е одличен ден за сите муслимани во Република Северна Македонија, денес победи ИВЗ, денес победивме сите, човечкото и конструктивното. Од денес, имаме голема доверба и одговорност да го претставиме исламот во неговиот оригинален и традиционален дух“, посочи Шаќир Фетаху, новоизбраниот претседател на ИВЗ.
„Нашиот пат ќе биде знаење, транспарентност и неуморна работа во служба на верниците и граѓаните. Тоа ќе биде ИВЗ која со мудрост ќе одговори на сите предизвици што ги носи времето“, заклучи Фетаху.