Шакира ќе сведочи за затајување на данок во Шпанија

од desk2
116 прегледи

 Шпанските истражни органи ја обвинија познатата колумбиска пејачка Шакира за затајување данок од 14,5 милиони евра.

Судот во Шпанија ја повика пејачката за тој случај да даде исказ на сведочењето во средина на јуни.

Шакира во тоа време главно живеела во Шпанија, иако нејзиното постојано живеалиште е во Панама. Во обвинението се наведува дека пејачката прикривала приходи преку 14 различни компании во земјите т.н. tax haven.

Тимот на Шакира за односи со јавност наведува дека таа во локалните даночни служби го подмирила долгот.