Шаќири ќе го води ресорот образование

од Nikola Popovski
331 прегледи

Досегашниот министер за информатичко општество и јавна администрација, Јетон Шаќири ќе биде иден министер за образование и наука.

Шаќири го потврдил ова во телефонски разговор за ТВ 21.

Тој беше пратеник во претходниот парламентарен состав и професор на Меѓународниот универзитет во Струга. Шаќири беше и директор на струшкото претпријатие Водовод и канализација.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев, со што во оставка е и целата влада. Тој рече дека со ова ѝ престанува мандатот на Владата, но дека таа технички ќе функционира до изборот на нова влада.

Слични содржини