Шаќири пред средбата со СОНК: Конкретна финансиска понуда нема да имаме

од Берта Китинска

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири пред новата преговарачка средба со СОНК закажана со почеток во 14.30 часот кажа дека конкретна финансиска понуда нема да има.

– Тема на преговарите ќе бидат колективните договори за основно и за средно образование, а за нова финансиска понуда ќе се разговара на почетокот на идната недела.Конкретна финансиска понуда денеска нема да имаме. Ќе дискутираме за начин за изнаоѓање модел за конечната понуда и кога и како ќе почне да се реализира, изјави Шаќири.

Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.

Слични содржини