Шаќири: Разрешена сум од театар Комедија поради брат ми

од Nikola Popovski
524 прегледи

Екс-директорката на театар Комедија, Нора Шаќири-Марковиќ смета дека е разрешена од директорката функција поради кандидатурата на нејзиниот брат Бени Шаќири на локалните избори за градоначалник на Скопје, како кандидат на ЛДП.

-Бени не го сврти грбот на СДСМ. Ниту јас, ниту тој не сме членови на пртијата. Ова е реваншизам. По моја слободна проценка и тоа што кружи во јавноста, доставена ми е „фактурата поради кандидатурата на брат ми и јас со задоволство го прифатив тоа“, вели Шаќири во емисијата „24 анализа“.

Таа информира дека била разрешена од Министерството за култура по анонимна пријава за мобинг.

-Уредно инспекторите од Трудовиот инспекторат се најавија и побараа документација. Не можеа да констатираат инспекторска мерка. Не знам кој е анонимниот што ме пријавил, но тој точно ја знаел ситуацијата и ја раскажал целата приказна. Точно е дека водев три дисциплински постапки против вработен, кој три дена не се појавуваше на работа, потенцира Шаќири-Марковиќ.

 

Слични содржини