Шаќири учествува на Самитот за трансформација на образованието во САД

од Stefanija Kuzmanovska
139 прегледи

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска присуствува на Самитот за трансформација на образованието во САД. Самитот има за цел да мобилизира глобална политичка акција, барање решенија и покажување солидарност во пост – пандемискиот период, но и подобрување на квалитетот на образованието.

Како што соопштија од Министерството за образование и наука (МОН), Самитот е отворен со дискусија на тема глобално движење кон трансформација на образованието, при што била истакната важноста на солидарноста, како и важноста на фокусирањето кон гласот на младите.

Исто така, се одржала и дебата посветена на меѓугенерациските дијалози, во која учествуваа млади луѓе и политички лидери, а со цел овозможување партиципативни дијалози за трансформирање на образованието.

Фокусот на вториот ден од Самитот, е како да се обезбеди дигитална иднина за секое дете и неопходноста од глобално обединување и примена на правичен пристап за дигитална трансформација.

„Низ повеќе сесии беа остварени директни разговори за акциите што треба да се преземат за да можат образовните системи да се трансформираат и да се обезбеди унапредување на развојот преку образование за секого“, посочија од МОН.

При тоа, била нагласена важноста на искористувањето на дигиталните решенија во обезбедувањето на квалитетно образование за секое дете, како начин за континуиран пристап до образование на децата, младите и наставниците.

„Младите се мотор на иднината на една држава, затоа справувањето со предизвиците во 21 век и стекнувањето нови знаења за унапредување на образовниот процес се секогаш приоритет на Владата и Министерството“, соопштија од МОН.

Слични содржини