Шаќири за скратеното работно време на администрацијата: Потребно е ново поглавје во нашето работно законодавство

од Берта Китинска

Законот не е во владина постапка, туку е во ЕНЕР системот каде се објавуваат предлог закони и се во фаза на добивање на коментари од сите заинтересирани страни. Треба да се отпочне едно ново поглавје во нашето работно законодавство. Должината на работното време е различно регулирано во различни држави, но и во рамките на самите држави, различни категории вработени имаат различно работно време, објасни  министерот за информатичко општество Јетон Шаќири во врска со измените на Законот за администрација.

Министерот вели дека се направени анализи за должината на работното време во однос на искуствата во другите земји членки на Организацијата за економска соработка и развој кадешто реформата за управување со човечки ресурси е еден од главните столбови на реформата за администрацијата заедно со креирање на политики и испорака на услуги и јавни финансии.

-Имајќи ги во предвид компаративните искуства во однос на детекција на кадар, покрај платите како алатки за професионална услуга, имаат и неколку можности – работа од далечина, работен ден итн. Кај нас овие механизми не се поставени и сега сме отворени за коментари на овој наш предлог и со анализата даваме краток компаративен приказ на работното време иако истото е регулирано различно во различни држави, вели Шаќири.

Слични содржини