Шала: Заедничка воена единица на Косово со Албанија е превентивна, а не агресивна мерка

Шала: Србија ќе го протолкува ова како провокација бидејќи го губи својот монопол на воена моќ над Косово

од Nikola Popovski
15 прегледи

Ксовскиот аналитичар и експерт за безбедност, Дризан Шала оценува дека развојот на лесната воена индустрија на Косово (вклучувајќи фабрика за муниција) и соработката со Албанија се превентивни, а не агресивни мерки.

-Србија, секако, ќе го протолкува ова како провокација бидејќи го губи својот монопол на воена моќ над Косово. Реакцијата на Белград ќе биде двојна: дипломатска (алармирање на меѓународните форуми) и пропагандна (претставувајќи го Косово како „закана“), иако Србија во пракса знае дека Косово сè уште е првенствено заштитено од НАТО, вели Шала во разговор за „Локално“.

Шала за „Локално“: Најголемата закана за Србија доаѓа одвнатре – политичка поларизација, социјално незадоволство и енергетска зависност од Русија