Јас бев длабоко разочаран од неможноста да се започнат пристапните преговори со Северна Македонија. Билатералните и историските прашања треба да бидат одвоени од овој процес, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.
-Ќе видиме како и кога ќе може да се формира нова влада во Бугарија. Кога и да се случи, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо, вели Шаленберг.
Според него, важно е да се најде решение на билатерално ниво помеѓу Бугарија и Северна Македонија без да се воведуваат овие прашања во процесот на проширување, а дали е потребно посредништво од трета страна, тоа вели, двете земји самите треба да го просудат.
-Доколку дојдат до таков заклучок, Австрија е секогаш подготвена да ги понуди своите капацитети,посочува шефот на австриската дипломатија.