Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота

од Nikola Popovski
264 прегледи

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (13.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје (од 08 до 16 часот).

На социјалните мрежи веќе подолго време се споделуваат видеа и слики од просториите на МВР во МРТВ, каде граѓаните се туркаат, викаат и се расправаат за да ги подигнат личните документи.

Претседателот Стево Пендаровски пред неколку дена во интервју, изјави дека ова што им се прави на граѓаните е срамота и дека побарал рокот за менување на патните исправи и лични документи да се одложи до септември или октомври.

Прашан за оваа идеја на Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, рече дека ќе се разговара на владина седница.

Личните карти ќе имаат важност во внатрешна употреба и после 12-ти февруари, рок согласно Преспанскиот договор со Грција што стапи на сила во 2019 година.

Слични содржини