Шамбевски: Ме изненадува колебливоста на СДСМ да не ја прифати Резолуцијата

од desk4
450 прегледи

Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Шамбевски за ТВ Сител вели дека Резолуцијата е добро стуктуиран документ чија единствена цел е да го обедини општеството околу маркерите на идентитетот на овој народ, општество, држава.

-Ако ја погледнете текстуално Резолуцијата ќе видите дека е многу внамателно направена, за да не преидзивика дополнителни ровови и поделби внате во македонското општество. Таа ги дефинира клучните позиции, од кои, како општество, Влада и сите други инситтуции особено оние кои се знаимаваат со надворешната политика, не би требало да отстапат. Точно е дека Резолуцијата ги дефинира цвените линии кои никој не смее да ги помине. Но, да не заборавиме дека тие веќе се дефинирани со многу акти, пред се со постоењето на оваа држава. Оваа резолуција е производ на сомнежот на населението, на граѓаните, на македонскиот народ, дека тие идентитетски маркери се загрозени, рече Шамбевски.

На новинарско прашање, сепак што со неа доколку Резолуцијата не биде изгласана во парламентот, бидејќи СДСМ најави дека нема да ја гласа затоа што не е со уставното име на државата, Шамбевски вели дека текстот е интелигентно направен и не остава простор за поделби.

-Текстот само ги дефинира идентитетските маркери врз кои треба да се базира нашата надворешната полтика и да не се премине пореку нив во преговорите со Република Бугарија, но и во секое идно преговарање. Во оваа Резолуција нема потреба од уставното име на државата. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу ова прашање е јасен, но сега тоа не е прашање. Мене ме изненадува колебливоста на СДСМ да ја прифати оваа Резолуција. Прво ја одбија, па ја прифатија и сега повторно најавуваат дека ќе ја одбијат, рече Шамбевски.

Шамбевски праша дали за СДСМ не е прифатлив континуитетот на македонскиот јазик, временски и простор, бидејќи со Резолуцијата токму тоа се дефинира. Вели дека за одбивањето на владејачката партија да ја одбиен нема друг одговор, освен дека тие или преговараат за овие маркери, или, се обидуваат и понатаму да направат раздор во македонското ткиво и општество.

Б.Т.

Слични содржини