Шампита со сливи

од desk2
221 прегледи

Лесно се прави, а претставува вистинско уживање

Потребни состојки:
За тесто

250 грама брашно
20 грама квасец
50 милилитри слатко млеко
50 грама шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
50 грама шеќер
1 јајце
50 грама стопен путер
1,5 килограми исчистени сливи
250 грама смеса од мак
За филот

50 грама шеќер
250 милилитри слатка павлака
1 јајце
25 грама брашно
2 лажици цимет
За шлагот

8 јајца
Начин на подготовка:

Ставете брашно и 20 грама квасец во сад, па додајте 80 милилитри топло млеко. Потоа, додајте малку шеќер. Покријте со крпа и оставете го малку да отстои.

Потоа, додајте 1 ванилин шеќер, остатокот од шеќерот и 1 јајце. Сето тоа прелијте го со стопениот путер. Замесете меко тесто. Покријте го со крпа и оставете го да отстои 10 минути.

Откако ќе отстои, извадете го тестото на површина наросена со брашно каде што ќе го замесите уште малку. Наросете го со малку брашно и развлечете го така што ќе одговора на големината на вашиот плех.

Подмачкајте го плехот со путер, па наросете го со брашно. Ставете го тестото и убаво развлечете го за да го пополни целиот плех. Оставете го да нарасне дупло.

Исчистете околу 1,5 килограм сливи, па исечете ги на четвртини. На нараснатото тесто додајте му смеса од мак, па распоредете ги сливите. Потоа, подгответе го филот.

Измешајте 50 грама шеќер со 250 милилитри слатка павлака. Додајте 1 јајце и измешајте. Потоа додајте 25 грама брашно и 2 лажици цимет. Прелијте ги сливите со филот и ставете го колачот да се пече во рерна околу 50 минути на 180 степени.

Додека колачот се пече, подгответе го шлагот. Одвојте ги белките од жолчките. Во садот со белките ставете малку сол и 240 грама шеќер. Изматете ги пенесто со миксер. Кога колачот ќе се испече, премачкајте го озгора со шлагот од белки, па ставете го во рерна да се потпече малку и да добие убава златна боја.

Пред да го послужите колачот, наросете го со шеќер во прав.