„Шанса за Центар“: Дискотеки во Градскиот парк со лиценца да поднесат проект за поставување озвучување- загрижени сме за животните во ЗОО

од Берта Китинска
233 прегледи

Од инцијативата „Шанса за Центар“ испратија барање до Советот на Град Скопје, службата и Градоначалничката на Град Скопје во ке бараат дискотеките да поднесат задолжителен проект за озвучување пред да ја добијат лиценцата.

„ Шанса за Центар во врска со доделувањето на лиценци за дискотеки во Градскиот парк предлага сите дискотеки на отворено со лиценца да се задолжат да поднесат и проект за поставување озвучување со кое звукот ќе биде единствено насочен кон подиумот. Светската пракса има многу вакви успешни решенија каде значајно се намалува ширењето на звукот кон околината, а квалитетот на звукот на подиумот се подобрува.

Истовремено, сакаме да потенцираме дека дискотеките се граничат со Зоолошката градина и сериозно сме загрижени, за загрозување на животот и на животните кои се дел од ЗОО Скопје. Животните со години ја трпат тортурата со прегласна музика во ноќните часови кога биолошки тие треба да спијат. Загадување со звукот е најголем проблем и го загрозува здравјето на луѓето и на животните подеднакво. Се чини дека никој не размислува за овој вид загадување на градот.

Шанса за Центар бара одговори од Градот Скопје дали се размислува доделувањето на лиценцата освен што носи права за дискотеките да создаде и обврски. Очекуваме дека при формирање на цената за лиценците се мислело и на жителите на Скопје и на животните во Зоолошката градина. Дали има цена со која и се одзема мирот на граѓаните и на животните?.

Ниту една парична сума не е доволно висока кога се уништува секојдневието на животните кои се сместени во Зоолошката, но и на граѓаните кои живеат во поширокото подрачје околу Градскиот парк. Очекуваме дека со вакво задолжување на носителите на лиценца ќе им се олесни функционирањето во текот на периодот кога работат, а со тоа ќе се подобри и соживотот помеѓу институциите на Град Скопје, граѓаните и угостителите.”

Слични содржини