Граѓанската иницијативата „Шанса за Центар” од утре ќе собира потписи за учество со независна граѓанска листа за општина Центар за претстојните Локални избори.
Платформата со која од утре ќе се собираат потписи ја претставија денеска поранешната претседателка на Советот на Општина Центар Јана Белчева-Андреевска, која ја предводи листата и кандидатите за советници Дивна Пенчиќ и Јане Димески
На листата, како што информираа, се активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области.
-„Шанса за Центар” е граѓанска иницијатива која произлезе од поврзување на „Здравје пред профит” со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општина Центар, велат од иницијативата.