„Шарената револуција“ вечерва ја обои зградата на НИП „Нова Македонија“, во која се наоѓаат просториите на Државната изборна комисија.
Тие порачаа дека во вакви услови, со ваков избирачки список, избори нема и не може да има.
Демонстрантите пред да почнат со боењето облекоа кабаници и запалија сигнални факели за да ги заштитат бојачите од камерите на полицијата, кои и овој пат ги имаше на првиот и на вториот кат и ги снимаа демонстрантите.
Демонстрантите ја обоија зградата на ДИК #ШаренаРеволуција #Протестирам #П pic.twitter.com/NOjGfpJvO8
— META.mk (@meta_agency) May 4, 2016
Со чадот од димни бомби го штитеа идентитетот на бојачите #ШаренаРеволуција #Протестирам #П pic.twitter.com/p9U5z70oFC
— META.mk (@meta_agency) May 4, 2016
Претходно, насобраните им понудија кабаници и на припадниците од полицискиот кордон, но тие ги одбија. Во заднинана на бојадисувањето, на звучници се пуштаа дел од бомбите кои беа поврзани со наводните изборни манипулации.
Демонстрантите и понудија кабаници на полицијата за да ја заштитат од боите на #ШаренаРеволуција #П #Протестирам pic.twitter.com/74NX5A26Ge
— META.mk (@meta_agency) May 4, 2016
На протестот насобраните порачаа дека се пред ДИК за јасно и гласно да и кажат оти избори во вакви услови не може да има.
На протестот пред ДИК ечи „Во борба, Македонски народе“ #ШаренаРеволуција #Протестирам #П pic.twitter.com/XxBlpvKwW6
— META.mk (@meta_agency) May 4, 2016
„Оваа држава, се наоѓа на Земјината топка и не можеме да одиме на избори со ваков список. Над 300.000 лица се констатирани како сомнителни гласачи. Од нив само 80.000 теренски се проверуваа, а повеќе од половина од нив не беа најдени дома“, порачаа демонстрантите, и прашаа како гласачите од Пустец добиле лична карти и колку ги има.
Протестот традиционално почна пред зградата на СЈО, а на демонстрантите им се приклучи и поранешниот евроамбасадорЕрван Фуере, кој исто така порача дека нема услови за одржување избори. Од пред СЈО демонстрантите марширајќи покрај Собранието свртеа круг кон просториите на ДИК.
Протести денеска се одржаа и во Куманово, Штип, Прилеп и во Крива Паланка./извор Мета
Демонстрантите му ракоплескаа и се сликаа со Екс-евроамбасадорот Фуере пред СЈО #ШаренаРеволуција #П #Протестирам pic.twitter.com/qEvqm1WnFG
— META.mk (@meta_agency) May 4, 2016
Демонстрантите го почнаа протестниот марш #ШаренаРеволуција #П #Протестирам pic.twitter.com/Qe6Y8CLVvA
— META.mk (@meta_agency) May 4, 2016