Шарли Ебдо повторно објави карикатури од пророкот Мухамед

од Nikola Popovski
402 прегледи

Весникот Шарли Ебдо повторно објавува карикатури на пророкот Мухамед, поради кои беше мета на напаѓачи, објави во вторникот сатиричниот магазин пред почетокот на судењето за нападот во јануари 2015 година, нагласувајќи дека тој нема да се откаже.

„Никогаш нема да замолчиме. Никогаш нема да се предадеме“, предупредил директорот на сатиричниот неделник Рис, во издание со истите карикатури на насловната страница, што ќе бидат на киосците во среда, неколку часа пред судењето на напаѓачите кои застрелаа редакцијата на 7 јануари 2015 година.

Дванаесетте цртани карикатури, објавени на 30 септември 2005 година од данскиот дневен весник „Јиландс-Постен“, а потоа во 2006 година од „Шарли Ебдо“, го прикажаа пророкот како на главата носи бомба, наместо турбан и со нож, а покрај него две жени завиткани во црно.

Закани и напад

После тоа, неделникот неколку пати добиваше закани и неговата канцеларија била запалена се до 7 јануари, кога се случи вооружениот напад во кој беа убиени директорот на весникот и познати карикатуристи, што ја згрози меѓународната јавност и предизвика големи протести во Франција.

„По јануари 2015 година, честопати од нас беше замолувано да објавиме и други карикатури со Мухамед. Ние секогаш одбивавме, не затоа што би било забрането, законот го дозволува тоа, туку затоа што ни требаше добра причина, причина што ќе има смисла и би придонела за дебата“, објасни уредничкиот одбор на весникот во написот објавен во истиот број.

„Затоа ни изгледаше императив да ги објавиме истите цртежи на почетокот на судењето за нападите што се случија во јануари 2015 година“, додава тимот на Шарли Ебдо.

Слични содржини