Луѓето родени во одредени хороскопски знаци се едноставно неодоливи – шармантни, сексипилни и едноставно магични. Кои се највештите хороскопски заводници на кои никој не може да им одолее?
Лав
Лавот е чиста светлина. Светло сонце, глас кој не се заборава, присуство кое никогаш не останува незабележано! Има супериорност, самодоверба што ги прави посебно привлечни. Лавот е практично невозможно да се игнорира и секако, да не заборавиме дека Лавот има незамислива моќ да привлече многу луѓе, без разлика дали станува збор за партнери или пријатели! Тие се дефинитивно највештите заводници меѓу хороскопските знаци.
Риби
Не треба напор да се биде шармантен, потребен е начин! Рибите се токму тоа што се и сите во одреден момент паѓаат во замката на нивниот шарм, која не ја ни поставиле. Тоа едноставно се случува! Нивната „наивност“ е всушност доблест која универзумот им ја подарил. Рибите пленат со својата нежност, убави очи, магична аура и ги заведуваат сите со шармантна леснотија.
Вага
Вагите одат рака под рака со Лавовите кога е во прашање заведувањето. Тие се мајстори за заведување. Вагите се шармантни, зрачат со убавина и хармонија и едноставно ве мамат. Никој не може да одолее на нивните длабоки погледи и нежни допири.
Близнаци
Уште еден воздушен знак, кој не мора ни да се обиде да заведе друга личност. Близнаците имаат начин да ве натераат веднаш да „загризете“ на мамката, а оттаму доаѓа уметноста на заведување, која тие многу добро ја знаат. Ќе ве натера да мислите на него повеќе пати отколку што би сакале!