Бразилската ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар ја моли Барселона да се врати, а каталонскиот
клуб не се брза да донесе одлука.

Всушност, ситуацијата ја опиша потпретседателот на „Лос Кулес“, Жорди Кардонер, во говорот пред
шпанските медиуми денес.
„Сега не е време да се зборува за тие кои ќе дојдат. Прво треба да се ослободиме од некои играчи.
До крајот на месецот, ќе се продадат играчи, на кои Валверде нема да се потпира. Играчите кои ќе
не напуштат, ќе донесат буџет за нови. Точно е дека Нејмар сака да се врати во Барселона, но не се
согласувам дека ние сме загрижени за неговото привлекување. Оваа тема не е на дневен ред. Има
многу работи во однос на неговото заминување, кои не ми се допаднаа, има многу работи што
треба да ги решиме. Има лажни тврдења дека сме го привлекле Нејмар, ние не сме привлекле
никого. Ние не сме разговарале со него. Многу играчи сакаат да играат во Барселона“, рече тој.
На прашањето за Антоан Гризман, Кардонер одговори: „Јас разбирам дека секој играч сака да дојде
во Барселона, каде што се наоѓа најдобриот играч во историјата … Сите играчи можат да сонуваат
за Барселона. Но нас ни е потребна финансиска рамнотежа“.
‘
За Матаис де Лихт, Кардонер рече: „Не можеме да бидеме разочарани од работите, на кои не сме
работеле“.