Шефчович: Царините на САД ќе ја подгреат инфлацијата, ќе ги заштитиме европските интереси

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Со воведување царини, САД ќе ги оданочуваат своите граѓани, ќе ги зголемат сопствените деловни трошоци и ќе ја поттикнат инфлацијата, најави денеска во Европскиот парламент европскиот комесар за трговија Марош Шефчович, додавајќи дека Европската унија е подготвена да ги заштити своите интереси.

Шефчович рече дека Европската унија „длабоко жали“ за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум, како и за најавата дека Вашингтон ќе воведе дополнителни реципрочни царини оваа недела.

„Тарифите се даноци, тие се лоши за бизнисот и уште полоши за потрошувачите“, рече еврокомесарот.

Слични содржини