Шефот на банката JP Morgan би ги забранил криптовалутите: „Тие им служат само на криминалци“

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на банката JP Morgan Chase, Џејми Дајмон, во својот говор во Вашингтон рече дека криптовалутите треба да се забранат.

„Отсекогаш сум бил против криптовалутите и биткоинот. Тие навистина им служат само на криминалци, дилери на дрога, за перење пари и избегнување данок“, рече шефот на најголемата американска банка за време на рутинско сослушување во Комитетот за банкарство во Сенатот, пренесува CNBC.

Тој додаде дека би ги забранил криптовалутите „кога би бил на местото на американската влада“. Дајмон и претходно ги критикуваше криптовалутите иако неговата банка е силно вклучена во блокчејн технологијата што ја напојува крипто индустријата.

Сенаторката Елизабет Ворен се согласи со коментарите на Дајмон.

„Обично не се согласувам со извршните директори на големите банки за банкарската политика, но ова е прашање на националната безбедност. На терористите, шверцерите на дрога и непријателските нации треба да им се забрани да користат криптовалути. Време е Конгресот да дејствува“, нагласи Ворен.

Слични содржини