Шефот на Biontek: Нашата вакцина не треба да се прилагодува на новите соеви

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Вакцината против коронавирус на Pfizer/Biontek се уште не треба да се прилагодува на новите видови на коронавирус, рече на прес-конференција шефот на Biontek, Угур Сахин, препорачувајќи попрво трета доза од вакцината.

„Можно е некој вид да се појави во следните шест до 12 месеци и да бара прилагодување на вакцината, но тоа се уште не е случај“, рече Сахин.

Тој додаде дека „најдобриот пристап за таква ситуација е да се продолжи со една дополнителна доза“.

 

Слични содржини