Шефот на државата очекува гласови и од ДУИ, вели има коректен однос со сите кандидати

од Nikola Popovski

Веројатно за првпат во македонската историја, ќе имаме најголема бројка на кандидати во првиот круг од претседателските избори и тука се можни преклопувања на партиските електорати. Можеме да имаме дури седум кандидати во првиот круг, рече шефот на државата, Стево Пендаровски за неговите очекувања од претседателската трка.

На прашањето дали доколку отиде во вториот круг, ги очекува гласовите од Албанците и партијата ДУИ, Пендаровски наведе дека ги очекува гласовите од сите етнички заедници, како што било и во 2014 година. Претседателот информира дека во таа година имал 35 илјади албански гласови, без политички договор.

Вели дека „не размислува на тој начин“ кој би бил негов противкандидат во вториот круг од претседателските избори. Ги почитува сите кандидати и истакна дека има коректни односи.

-Се кандидирам, не само за да учествувам на изборите, туку и да победам, категоричен е Пендаровски, давајќи одговори на новинарски прашања на прес-конференција, на која ја најави неговата повторно кандидатура за местото во „вила Водно“.

Слични содржини