Шефот на европската дипломатија: Европската перспектива на Западен Балкан приоритет за ЕУ ​​и САД

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Западен Балкан беше една од темите на синоќешната прва официјална средба меѓу министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеф Борел и државниот секретар на САД, Антонио Бликен.

– Државниот секретар е ангажиран веќе долго време за прашањето за Западен Балкан. За Западен Балкан, европската перспектива останува приоритет и за ЕУ ​​и за САД – рече Борел по состанокот.

Тој истакна дека ЕУ и САД ќе работат заедно и ќе избегнат секаков вид „натпреварување“ за поддршка на помирување, подобрување на управувањето, отпорноста и клучните реформи што ќе овозможат интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Слични содржини