Шефот на Ферари: Фетел е среќен и мотивиран во Ферари

од Vlatko K
143 прегледи

Шефот на Ферари во Формула 1, Матија Биното е категоричен во своето убедување за целосната посветеност на Себастијан Фетел. Германецот стана предмет на бројни критики по Гран При на Велика Британија, каде предизвика неочекуван инцидент со Макс Верстапен (Ред Бул).

Сезоната дотука се јавува како уште тешка година за Германецот, кој не покажува знаци дека може да биде вистински конкурент за Луис Хамилтон и неговиот Мерцедес. Во првите 10 трки, Фетел не успеа да донесе ниту една победа, а во моментов води само со 3 поени во генералниот пласман во однос на партнерот Шарл Леклер (кој дебитираше во шампионатот минатата сезона).

До овој момент четирикратниот светски шампион се вмеша во неколку инциденти, а последниот од нив беше на „Силверстоун“, кога во битката за позиции се удри во задниот дел на болидот, управуван од Верстапен.

Оваа епизода стана причина за нов вербален напад против Фетел, претежно во италијанскиот печат, каде се сомневаат дали Германецот е мотивиран да го дава најдоброто од себе.

– Мислам дека Себастијан е многу среќен токму сега. Тој би бил посреќен ако освојуваше трки и имаше автомобил кој би можел да функционира подобро. Гледам дека тој навистина се уште се натпреварува со мислата за победа. Ова е неговиот сон и единствена цел – да победи со Ферари. Немам сомнеж дека тој ја очекува иднината со нетрпение, бидејќи е човек целосно посветен и заинтересиран, додаде Биното.

Слични содржини