Шефот на хрватската полиција: Мигрантите не мамат, огромен број од нив имаат руски документи

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Шефот на хрватската полиција Никола Милина во изјава по средбата со својот словенечки колега Сенад Јушиќ во Брежице ги отфрли обвинувањата за недоволна заштита на државната граница во областа на миграцијата и предупреди дека мигрантите често ги злоупотребуваат процедурите за азил.

Во заедничката изјава Јушиќ и Милина нагласуваат дека размениле оперативни податоци, договориле конкретни мерки и процедури за управување со миграциските текови и гонење на организаторите на илегалните гранични премини, што вклучува зголемена фреквенција на мешани полициски патроли, пренесува РТВСло.

Милина ги отфрли обвинувањата дека хрватската полиција не прави доволно за да го спречи илегалниот премин на границата.

„При влегувањето во Шенген, хрватската полиција помина низ многу тежок процес на проверка на квалификациите. Имаме доволно капацитет, и во работна сила и во знаење. Имаме 6.500 гранични полицајци и 2.000 специјалци, кои исто така се вклучени во заштитата на надворешната граница. За тоа говори и фактот што годинава фативме 990 организатори на диви премини“, рече тој.

Според Милина, еден од одговорите на тоа дека, и покрај се, расте бројот на илегални гранични премини лежи во злоупотребата на процедурата за азил, кога странците изразуваат намера да бараат азил, државата ги прифаќа, а потоа тие продолжуваат понатаму. Меѓу последните ги издвои граѓаните на Русија.

„До денес обработивме 6.850 руски државјани кои дојдоа во Босна и Херцеговина како туристи, а потоа ја изразија својата намера да бараат азил на границата со Хрватска и го продолжија своето патување“, рече тој.

Слични содржини