Шефот на италијанскиот фудбал: Конте е фаворит за национален тренер

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, е фаворит за нов тренер на Италија. Ова го откри потпретседателот на локалната фудбалска федерација, Алесандро Костактура.

„Не сме одлучиле, но Конте изгледа како совршена опција. Сигурно ќе зборувам со него во наредните месеци. Тој веќе ни покажа дека знае како да биде селектор, што не важи за останатите кандидати. Тоа не значи дека нема да бидам задоволен ако застане Манчини или Анчелоти на чело, но се чини дека последниот сам не сака да го води тимот“, изјави Костакурта.

Потсетуваме дека Италија нема селектор од крајот на минатата година кога Џанпиеро Вентура беше разрешен.

Слични содржини