Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежa „Вистина“ скриншот од пораката што ја доби од шефот на НАТО, Марк Руте. Претставници на НАТО потврдија за Ројтерс дека Руте му испратил порака на Трамп порано денес.
„Господине претседателе, драг Доналд, ви честитам и ви благодарам за вашата решителна акција во Иран, која беше навистина извонредна и нешто што никој друг не се осмели да го направи. Нè прави сите побезбедни. Вечерва во Хаг летате кон уште еден голем успех. Не беше лесно, но сите ќе потпишат пете проценти“, се вели во пораката.
„Доналд, нè доведовте до навистина, навистина важен момент за Америка и Европа и за светот. Ќе постигнете нешто што НИЕДЕН американски претседател не можел да го направи со децении. Европа ќе плати ГОЛЕМА цена, како што треба, и тоа ќе биде ваша победа. Пријатно патување и се гледаме на вечерата на Неговото Височество! Марк Руте“, се вели во пораката.