Шефот на Психијатрија во Лесковац позирал со оружје, реагирала српската министерка за здравство

од Nikola Popovski

Шефот на психијатрискиот оддел во лесковачката општа болница го привлече вниманието на тамошната јавнос поради објавувањето на фотографии на социјалните мрежи на кои позира со оружје.

Д-р Горан Тојага на своите профили објавувал фотографии со пиштоли, автоматски пушки, облечен во воена униформа… Најголемо внимание привлекла неговата фотографија која ја споделија многу други корисници на Фејсбук, на која позира со два пиштоли.

Тојага во објавите со овие фотографии обично се нарекува себеси „Дон“, веројатно алудирајќи на италијанските мафијашки организации.

Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ му нареди на директорот на лесковачката општа болница да преземе итни мерки во врска со фотографиите на шефот на Психијатрија.

– Ќе разговарам со докторот во понеделник. Точно е дека пред неколку часа ми се јави министерката Грујичиќ. Во понеделник ќе одлучиме што и како понатаму, изјави директорот на лесковачката општа болница Небојша Димитријевиќ, пренесува Југпрес.

Слични содржини