Шефот на Твитер и Џеј Зи влегуваат во бизнис со биткоини

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Првиот човек на Твитер, Џек Дорси, објави дека тој и познатиот музичар Џеј Зи ќе влезат во заеднички проект насочен кон развој на криптовалути во Индија и Африка.

Оваа фондација, како што ја нарекуваат, со почетна инвестиција од 500 биткоини, вреди околу 23,6 милиони долари.

– Првенствено ќе биде свртена кон Индија и Африка – рече Дорси, но тој не прецизираше повеќе, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Биткоин достигна нов рекорд овие денови кога премина 48.000 долари, и само минатата недела скокна за 24%. Тој скокна за 7% по твитот на Елон Маск.

Џеј Зи и Дорси бараат тројца членови на бордот на директори на оваа фондација, чија цел ќе биде да создадат од биткоинот интернет валута.

Процесот на аплицирање е едноставен, потенцијалните членови мора да обезбедат е-пошта, име и доказ дека се вработени.

Ова не е прв пат да се испреплетуваат бизнисите на двајцата. Во декември, „Сквер“ на Дорси, наводно, бил заинтересиран за купување на музичкиот стриминг сервис на Џеј Зи, а минатата година беа фотографирани заедно на јахта, како и за време на прошетка.

Слични содржини