Шефот на руската платеничка група „Вагнер“ Евгениј Пригожин рече дека го прекинува артилерискиот оган врз Бахмут за да им дозволи на украинските сили од другата страна на борбениот фронт безбедно да го покажат градот пред американските новинари кои доаѓаат во посета.
„Вагнер“ го предводеше рускиот напад врз Бахмут во најдолгата и најкрвавата битка на војната, но украинските сили досега успешно ги спречија неговите обиди да ја преземе целосната контрола врз градот.
„Одлука е донесена да се запре артилерискиот оган за американските новинари безбедно да го снимат Бахмут и да си одат дома“, рече Пригожин во аудио пораката.
Во истата порака, Пригожин ја предупреди украинската страна да не се обидува да внесе дополнителни сили под превезот на посетата на новинарите.