Шефот на „Вагнер“ регистрираше нов бизнис во Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska
345 прегледи

Основачот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин регистрирал компанија во Белорусија наречена Concord Management and Consulting, пишува белорускиот весник Reform.by, пренесува рускиот независен портал „Медуза“.

Според Единствениот државен регистар на правни лица и независни претприемачи на министерството за правда на Белорусија, на 19 јули во селото Цел, регионот Могилев, Белорусија, е регистрирана компанија со основна главнина од 200 белоруски рубљи (околу 72 евра).

Според белорускиот весник Reform.by, тоа е локацијата на воениот камп каде што биле испратени платениците на „Вагнер“ по бунтот на Пригожин на крајот на јуни.

Беше наведено дека работата е насочена пред се на управување со недвижности и дека Пригожин е на чело на компанијата, пренесува „Медуза“.

Слични содржини