Шефот на военото разузнавање на Украина: „Руската ФСБ доби задача да го убие Пригожин“

од Stefanija Kuzmanovska

Руската служба за безбедност (ФСБ) добила задача да го убие шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, според Кирил Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина.

Пригожин од вторникот е во егзил во Белорусија, што беше договорено со договорот со кој заврши кусиот бунт на борците на „Вагнер“.

„Евгениј Пригожин ќе се пресели во Белорусија според договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател за прекин на денешниот вооружен бунт против руското воено раководство. Шефот на Вагнер и неговите борци нема да бидат кривично гонети“, објави Кремљ по бунтот.

Слични содржини