118
Актерката Шеј Мичел од серијата “Мали слатки лажливки” објави дека е бремена од својот пријател, телевизискиот презентер Мати Бабл, соопшти Ворлд ентeртеjнмeнт њуз нетворк.
Таа го рашири видеото на YouTube, покажувајќи го заоблениот стомак.
“Има нешто во рерната и тоа не е пица”, напиша кон видеото актерката. Таа изјави дека ѝ е преку глава да ја крие бременоста под широки алишта и повеќе не може да се воздржи од возбудата и различните чувства, кои беснеат во неа.
Пред шест месеци, Шеј Мичел (32) откри дека доживеала спонтан абортус минатата година.