Шекеринска: Армијата е институцијата во која граѓаните имаат најголема доверба, честитки на сите припадници

од Aleksandar Petrovski

Армијата е институцијата во која граѓаните имаат најголема доверба! Честитам на сите припадници!

Стабилност, подготвеност во секое време да се помогне, истрајност и компетентност- се одликите кои граѓаните ги наградија со својата доверба. Тоа се покажа и при корона кризата, а така ќе биде и во иднина. Членството во НАТО само ги зајакна овие вредности, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Фејсбук.

Слични содржини