Шекеринска: Чест ми е што сум прв претставник на Владата кој дојде во посета на САД по смената во Белата Куќа

од Nikola Popovski
229 прегледи

Како дел од мојата работна посета на САД, денес имав неколку важни средби во Пентагон и во Стејт Департментот. Во Пентагон се сретнав со генерал Даниел Хокансон, началник на Бирото на Националната гарда на САД, соопшти министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на првиот ден од посетата на САД.

Таа посочи дека и е посебно задоволство ми е што на средбата бил и генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт.

-Имав средба и со Хајди Грант, директорка на Агенцијата за одбранбено-безбедносна соработка. Одбранбената соработка со САД ја реализираме токму со помош од оваа агенција. Во Стејт Департментот разговарав со Тимоти Ален Бејтс, прв човек на Бирото за политичко-воени прашања, како и со новиот специјален пратеник на претседателот Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Разговорите во САД се важни бидејќи новата администрација го врати фокусот на нашиот регион. Чест ми е што сум прв претставник на Владата на Република Северна Македонија кој дојде во посета на САД по смената во Белата Куќа, истакна Шекеринска и додаде дека на средбата било заклучено дека местото на Западен Балкан е во ЕУ и дека новата американска администрација сака што поскоро да ја види Република Северна Македонија во преговарачкиот процес со Унијата.

Слични содржини