Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денес информираше дека словенечките пожарникари што пристигнаа за справување со огнената стихија, веќе се наоѓаат на реонот во Берово.
-Пристигнаа словенечките пожарникари и веќе се во Берово од каде ќе бидат распоредени да помогнат во гасењето на пожарите во регионот, објави Шекеринска.
Директорот на Дирекцијата за заштите и спасување, Беким Максути рано утрово ги пречека словенечките пожарникари, кои се испратени како помош за справување со огнената стихија во земјава.
-Денеска во граничниот премин табановце директорот на ДЗС, го пречека конвојот на Тимот за заштита од пожари од Р. Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила. Во координација на ДЗС конвојот е испратен во Берово од каде пожарникарите ќе се распоредат во критичните места опфатени од пожарот, соопштија од ДЗС.