Актуелно
Почетна / Македонија / Шекеринска: Упатувам порака до сите, СТОП за насилството врз жените!

Шекеринска: Упатувам порака до сите, СТОП за насилството врз жените!

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денес од родното село на својата баба – Кичиница во мавровско, испрати силна и мотивирачка порака до сите жени кои живеат во нашата држава.

Во своето обраќање до граѓаните а посебно до сите жени кои се жртва на било која форма на насилство, таа рече:

Најважните животни лекции ги научив од најсилната жена која ја познавам, велеше во сите нас има сила и добрина. Не правеше разлика помеѓу своите внуки и внуци. Мислев дека лекциите од мојата баба Љиљана ги научиле сите, дека сите имаме право на среќа, на живот на еднакви шанси во животов.

Во 21 век имаме опозиција (ВМРО-ДПМНЕ) која мисли дека светот не припаѓа еднакво на жените. Не потрошија ни еден збор за женските права и женската рамноправност. Партија која молчи на сите примери на насилство кон жените.

На 15 јули очекувам силна поддршка од сите жени и мажи кои вистински веруваат дека соработката а не насилството е решение!

 

loading...