
Еден од најбогатите шеици во светот, шеикот на Дубаи Мохамед бин Рашид Ал Мактум, формира Светски Совет на Среќата (World Happiness Council). Според шеикот Мохамед, кој е еден од најбогатите шеици во светот, светот денес има очајна потреба за нов пристап кон постигнувањето на човековата среќа, која треба да се базира на соработка и интеграцијата на напорите за зајакнување на позитивните вредности. Оттаму пораката за усвојување на политики кои ќе ги отворат прозорците на надеж за сите луѓе во светот. Ваков совет се етаблира за првпат во светот. Претходно, во 2016 година, во Обединетите Арапски Емирати беше основано Министерство за среќа одговорно за благосостојба и среќа на жителите во овој емират. Советот на среќата ќе се состои од 12 членови, а ќе биде предводен од професор Џефри Сакс од Универзитетот Колумбија. Целта на шеикот на Дубаи е да испрати позитивна порака до целиот свет и токму затоа формирањето на Советот тој го објави на Меѓународниот ден на среќата – 20 март.