Шеклер: Оние кои се вакцинирани не треба да се оптоваруваат со новите видови

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

Вирусологот и микробиолог на Ветеринарниот институт во Краљево, Миланко Шеклер, изјави дека е помалку важно дали има 70 или 300 нови инфекции на ден, бидејќи суштината е во тоа што „вирусот е присутен“, и дека мерките се уште се на сила и дека се во преден план.

Тој за српската радиотелевизија изјави дека мерките против корона, како што се носење маски, дистанца или број на луѓе во една просторија, сè уште се на сила, но дека се помалку луѓе ги почитуваат и дека акцентот е ставен на нормализирање на животот наместо на нивната примена.

„Често кога влегувам во продавница, јас сум единствениот кој става маска“, рече Шеклер, додавајќи дека вирусот опстојува на топлото време и дека опасноста ќе биде уште поголема на есен кога луѓето ќе мора да поминуваат повеќе време во затворен простор.

Тој истакна дека не се плаши за себе затоа што е вакциниран, па затоа ќе има поблаги симптоми доколку се зарази, но се плаши за невакцинираните бидејќи вирусот ќе ги „најде“.

Зборувајќи за појавата на нови видови на вирусот, како што е делта, тој нагласи дека вакцината делува, така што оние што ја примиле не треба да се оптоваруваат со неа.

Шеклер истакна дека акцентот на вакцинацијата треба да се стави на работоспособното население, од 18 до 40 години, наведувајќи дека голем процент на невакцинирани лица се на таа возраст.

Слични содржини