Шенген аларм! 60 000 мигранти подготвени да упаднат од Грција

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Граничните проверки во некои земји ќе се пролонгираат со уште 3 месеци мигранттт
Европската комисија предложи да се продолжи со 3 месеци дозволата на извршување на гранични проверки од Германија и Австрија, како и од Данска, Шведска и Норвешка во рамките на Шенген. Причините се стравувања во овие земји дека нов бран илегални имигранти кои се наоѓаат во Грција, ќе тргне на Запад. Тие побарале и повеќе време за да  го обработат големиот број барања за азил поднесени од максимумот на миграција криза, кои се уште не се разгледани, соопшти еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос во Стразбур.
Во мај и јуни Германија, Австрија, Данска, Шведска и Норвешка  ги вратија граничните контроли поради приливот на илегални имигранти.   Брисел им беше дозволеил да се проверуваат  само до 12 ноември, но сега бариерите остануваат спуштени барем до средината на февруари.

Според Аврамопулос петте Шенген држави стравуваат дека ако ги отстранат проверките  сите кои се наоѓаат во Грција над 60 000 мигранти, кои  ќе се упатиле кон Западна Европа.

Аврамопулос додаде дека продолжувањето на рокот е “исклучителна мерка во исклучителни околности, а не нова реалност и правило  “.

Тој појасни дека Германија и Австрија, како и трите скандинавски земји се обврзаа да прават  проверки на минимални нивоа и дури да не ги применуваат ако нема потоци од имигранти.

Предлогот на Комисијата, која треба да биде одобрена од земјите членки, доаѓа само 5 дена откако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека внатрешните контроли треба да продолжат, додека надворешните граници на ЕУ не се доволно добро заштитени.

Меркел додаде дека Берлин сака да го врати слободното движење, гарантирано од Шенген, но дека сегашните потреби бараат внатрешните  граници да се чуваат. Враќањето кон Шенген ќе станува чекор по чекор, рече таа, без да посочува рокови.аврамо

Аврамопулос вети до 3 месеци новата гранична и крајбрежна стража на ЕУ да ја презеде работата на заштитата на надворешните граници, со што заканата за Шенген ќе  отпадне.

Тој изрази и надеж дека влошувањето на ситуацијата во Грција, каде што постапките за разгледување на барањата за азил се одложуваат предолго, ќе биде надмината и илегалните имигранти ќе започнат да бидат вратени во Турција масовно, како и дека членките на ЕУ повеќе ревносно ќе земаат од  квотите за раселување на бегалци од Грција и Италија.

Европската комисија беше планирала запирање на проверките во 5-те земји да се случи до крајот на годината. Денес, таа излезе со мислење дека “условите за враќање кон нормалното функционирање на Шенген уште не се постигнати”.

“Верувам дека овие три месеци ќе се последни и дека ќе можеме да се вратиме кон целосното функционирање на Шенген”, рече Аврамопулос.

Пунктовите на кои ќе се врши пасошка  проверки се границите на Австрија со Унгарија и со Словенија, како и германско-австриската граница. Данска ќе  се контролира на границата со Германија, а Норвешка – фериботите кои доаѓаат од Шведска, Данска и Германија.еу бегалци

Проверките во Шведска ќе се врши во пристаништата во јужниот и западниот дел од земјата и на мостот “Јоресунд”.

Максимално дозволениот рок на гранични проверки според Шенгенскиот законодавство е до 2 години.

Аврамопулос изрази поддршка за започнатата вчера операција за расчистување на нелегалната камп крај француското пристаниште Кале, познат како “џунгла”. Властите започнаа уништувањето на привремените објекти и преместување на жителите во другите делови на земјата. Според Аврамопулос операцијата се врши во согласност со правата на мигрантите.