Шербеџија повикан да биде член во Американската филмска академија

од desk3
77 прегледи

 

Прославениот глумец Раде Шербеџија е повикан да биде член на Американската академија на филмскита уметност и наука, која ги собира филмските професионалци од целиот свет. Шербаеџија на овој начин би бил еден од членовите, кои меѓу другото, учествуваат во одлучувањето на добитниците за престижната филмска награда Оскар. Академијата има членови од 57 земји. Во својата кариера, која опфаќа дури половина век, познатиот глумец оствари повеќе од 150 улоги во домашни и странски филмолви.

Има глумено во познатите холивудски хитови “Широко затворени очи” од Стенли Кјубри, “Невозможна мисија 2” на Џон Ву,  “Дрпни и бриши”, од Гај Ричи, “Свемирски каубои” од Клинт Исвуд.

Неговото режисерско филмско првенче “Ослободување на Скопје” (2016) во кој ја глупи и главната улога, прикажан е на повеќе од десет престижни фестивали во Европа и САД, а минатата година избран е како македонски кандидат за 89. награда на Оскар во категоријата – најдобар филм на странски јазик.

Шербеџија неодамна се врати од Америка каде во март и април го снимаше филмот “Гордата Мери”, во кој партнер му беше Дени Гловер, а чија премиера се очекува идната година. Гостуваше во популарната серија “Црна листа”, а имаше и премиера на филмот “Ветување” на режисерот Тери Џорџ, во кој игра со Кристијан Бејл и Оскар Ајзак. Секое лето престојува на Бриони, каде игра во театарот  Јулисеј, чиј основач e, а овогодинешната, 17. сезона ќе биде отворена со концерт на двајца виртуози на гитара – Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, со гостите Дамир Урбан и виолинистката Ивет Корнелија. Во јули и август Шербеџија ќе настапува во улогата Креонт во претставата “Антигона – 2.000. година” покасно и во насловната улога во најдолговечната представа на тој театар “Кралот Лир” во Тврдина Минор.