Раде Шербеџија и Милан Мариќ вечерва на сценатата на Драмски театар ќе ја одиграат претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“.
За Шербеџија, е посебно доживување да се игра на сцената на Драмски театар – Скопје, за кој рече дека некогаш бил синоним во југословенски рамки.
-Филмската уметност живее во еден момент бидејќи ти си снимен, но во театарот, твојата улога е постојано жива и таа се менува. Некогаш успеваш да го достигнеш тој божествен момент на инспирацијата, но некогаш не. Добрите глумци знаат да ја фиксираат улогата, па дури и кога не им оди на сцената, а, сепак, тоа излегува пристојно – вели Шербеџија.
Распродадени се билетите за сите шест претстави на фестивалот РУТА Група Триглав, кој од 14 до 19 октомври ќе се одржува во Драмски театар во Скопје, најави директорката на Драмски, Катарина Коцевска-Хаџи Василева.
Станува збор за фестивал на Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав, во која членуваат: Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица.
„Фестивалот е основан во 2019 и е одржува на секои два месеца во еден од шесте театарски центри, а поради ковид пандемијата, за првпат се одржува во Драмски театар. Огромно е задоволството дека претставите се распродадоа уште пред да бидат изрекламирани“, кажа Коцевска-Хаџивасилева на денешната прес-конференција.
Отворањето е со утревечер во 20 часот, со претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, со Раде Шербеџија и Милан Мариќ, кој е најпознат по улогата на Тома Здравковиќ во српскиот филм „Тома“. Претставата е во режија на Ленка Удовички според текстот на Едвард Олби.
Београдско драмско позориште учествува со претставата „Диво месо“ по текстот на Горан Стефановски, на режисерот Јагош Марковиќ, на 15 октомври.