Шербеџија слави 30 години брак: „Се уште цврсто се држиме за раце“

од Stefanija Kuzmanovska

Раде Шербеџија и Ленка Удовички слават 30 години брак, а во оваа прилика актерот и музичар објави емотивна порака на својата официјална страница на Фејсбук.

„Вечерва се одбележува 30-годишнината од венчавката на Ленка и мене… Се венчавме во Белград на 29 јуни 1991 година… Ги менувавме градовите и земјите. Родивме три деца. Направивме сопствен театар на најубавиот остров на Јадранското Море. Имаме прекрасно семејство. Имаме и доволно вистински пријатели. И се уште цврсто се држиме за раце“, стои во статусот на актерот на Фејсбук.

Заедно со пораката, Шербеџија ја остави и песната „Filipa Kljajića 32“, која е посветена на неговата сопруга Ленка, и е именувана по улицата каде што живеела кога се запознале.

Шербеџија е 20 години постар од неговата сопруга. Уште кога се запознале во Суботица во 1990 година, тие знаеле дека се создадени едни за други. Се венчале кога тој имал 43, а таа 23 години. Од првиот брак, актерот ги има синот Данило и ќерката Луција и со Ленка ќерките Нина, Вања и Милица.

Слични содржини