Претседателот на српската радикална партија, Војислав Шешељ, пред новинарите го запали хрватското знаме, како одговор на пораката на барањето за негово враќање во Хаг. Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ, вчера изјави дека не му е јасно зошто Шешељ е пуштен од притворот во Хаг.
Потпретседателката на Српскиот Републички Совет изјави дека утринава го одбиле барањето на Трибуналот напишано на англиски за враќање на Шешељ во Шевенинген, а налогот на српски јазик, очекуваат да го добијат денеска.
Претходно, лидерот на српските радикали, изјави дека доброволно нема да се врати во Хаг, а нема да достави ниту каква било лекарска дијагноза за неговата здравствена состојба, ниту на Хашкиот суд, ниту на властите во Србија.
