Шест јадења кои никако не треба да ги оставите за утре!

од desk2
218 прегледи

Европскиот совет за храна предупредува дека не е добро да се загреваат претходно подготвените јадења. Тоа може да доведе до несакани последици поради фактот што некои видови бактерии многу брзо се размножуваат на собна температура од 5 до 65 Целзиусови степени. Како резултат на тоа, постои ризик од труење со храна и појава на различни дигестивни проблеми.

Многумина не знаат кои производи не можат да се загреваат, па создадовме листа на храна која не смеете да ја враќате повторно на рингла:

1. Ориз
Ако оризот повторно го изложите на високи температури може да предизвика труење со храна. Идеално е да јадете ориз веднаш по готвењето, и никако не оставајте го во фрижидер и повторно да го јадете по 24 часа.

2. Компир

По повторно загревање на компирот многу од неговите хранливи својства се губат, а покрај тоа овој зеленчук содржи и супстанции кои можат да предизвикаат симптоми слични на труење кога повторно се подгреваат.

3. Целер

Иако многу луѓе го јадат целерот свеж, оние кои го готват на високи температури мора да знаат дека не треба да го загреваат бидејќи ризикуваат да се отрујат. Факт е дека целерот содржи нитрат, кој под влијание на топлина е исклучително штетен за здравјето. Во високи концентрации можат да го зголемат ризикот од рак.

4. Цвекло

Нутриционистите препорачуваат употреба на сурово цвекло кое е одличен антиоксидант, содржи важни минерали и витамини. Меѓутоа вареното цвекло што се загрева може значително да го уништи организмот.

5. Пилешко

Поради салмонела, се препорачува консумирање на добро термички подготвено пилешко. Кога пилето се загрева па се јаде, може да предизвика сериозна иритација на желудникот.

6. Печурки

Не се препорачува да се загреваат печурките бидејќи може да предизвика надуеност и дијареа. Исто така оставањето на печурката на собна температура по готвењето може да биде исклучително опасно.

Слични содржини