Шест кратки филма на фестивалот „Шнит“

од desk2
74 прегледи

Шест краткометражни филмови од шест земји ќе бидат прикажани на меѓународниот филмски фестивал „Шнит“ кој ќе се одржи вечер во Кинотеката на Македонија од 20 часот.

Фестивалот ќе ги прикаже „Денот на баба“ на Милош Саковски од Полска, „Како е твојата простата“ на Жан Патруле и Сесил Русе од Франција, „Окситоцин“ на Лудвиг Локингер од Австрија, „Мајка“ на Симон Меса Сото од Колумбија, „Втор како никој“ на Винсет Галагер од Ирска и „Мирисот на дождот“ на Сара Бордо од Канaда. „Шнит“ првпат е организиран во 2003 година во Берн.

Истовремено се одржува во повеќе градови на пет континенти каде што се претставуваат филмски остварувања од различни светски кинематографии.

– Овојпат Кинотека на Македонија овозможува увид во ова интернационално филмско случување со прикажување потесен избор од шест кратки филмови кои имаат нов пристап кон темите што ги обработуваат и се пример за нови кинематогрфски перспективи, соопшти Кинотеката.