Шест малолетници меѓу загинатите во Кочани – најмладите на 16 години, ОЈО ја објави возраста на жртвите

од Даниел Ѓорѓиевски
162 прегледи

Обвинителството достави до медиумите официјален список со возраста на загинатите во катастрофалната трагедија во Кочани. Оваа информација следува по низа шпекулации во јавноста за точниот број на жртви.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица. Ден подоцна, почина и возач на Брза помош – Кочани, кој неколкупати патувал на релацијата Кочани – Скопје во обид да спаси животи.

„Ви испраќам список со возраст и број на починати лица што е доставен до Јавното обвинителство од Институтот за судска медицина. Извештаите од извршените обдукции се изготвуваат и ќе бидат доставени до обвинителството“, стои во дописот од Обвинителството.

Лицата е со старосна граница и починати по старосната граница: 16 години: 3 лица, 17 години: 3 лица, 18 години: 4 лица, 19 години: 1 лице, 20 години: 2 лица, 21 година: 6 лица, 23 години: 2 лица, 24 години: 7 лица, 25 години: 3 лица, 26 години: 7 лица, 27 години: 2 лица, 29 години: 1 лице, 30 години: 3 лица, 31 година: 2 лица, 32 години: 1 лице, 33 години: 1 лице, 36 години: 4 лица, 38 години: 2 лица, 43 години: 1 лице, 44 години: 2 лица, 47 години: 1 лице, 48 години: 1 лице.

Слични содржини