275
ЛЕКАРИТЕ објаснуваат како главоболките можат да бидат поттикнати од различни фактори како што се недостаток на сон, стрес или ненадејни временски промени, како и одредени видови храна, пренесува Everyday Health.
Ако главоболката често се јавува на средина или набргу после јадење, постои голема веројатност дека е предизвикана од конзумирање на одредена храна.
Еве за која храна станува збор:
* чоколадо
* црвено вино и други алкохолни пијалоци
* кафе
* зрели сирења
* производи од месо
* вештачки засладувачи.
Како што објаснуваат експертите, оваа храна содржи одредени соединенија кои можат да бидат поттик за главоболки, а често и мигрена.
Иако умереното уживање во нив е добро, доколку претераме, би можеле да се соочиме со непријатни болки.