Шест новозаболени од коронавирус, бројката се искачи на 76 лица

од Aleksandar Todeski
182 прегледи

Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76, извести министерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Борче Поповски

„Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи“, истакнува Филипче.

Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.