Шестмина скопјани казнети со 2000 евра поради славење Стара нова година во стан

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство Скопје казни шестмина скопјани со по две илјади евра кои на 13 јануари се собрале во стан во Скопје на улица „Иван Козаров“ за прослава на Стара нова година – Василица. Предлогот за издавање казнен налог според Обвинителството е поради непочитување на здравствени прописи за време на епидемија.

„Обвинетите го сториле делото на 13 јануари, кога наспроти донесените мерки и прописи за спречување на ширењето на коронавирусот, се собрале во стан на улица „Иван Козаров“ за да прослават Стара Нова година – Василица.

Иако со мерките и прописите во периодот од 18.12.2020 до 21.01.2021 година беа забранети секој вид масовни прослави на отворен и затворен простор, како и семејни собири со повеќе од 4 лица, обвинетите биле затекнати од полициски службеници при извршена проверка и контрола.

За нив јавниот обвинител му предложи на Судот да определи парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра, велат од Обвинителството, се вели во соопштението на Обвинителството“, стои во соопштението на ОЈО.

 

Слични содржини